Продукти
Orbit
Poll: Веб Страна?
Како ви се допага нашиот веб?

За нас

 
Фирмата ЈУС МБ ДООЕЛ е основана во 1991г.  во 100% приватна сопственост. Почетоците на фирмата беа скромни но желбата за работа, успех, постојано задоволни клиенти и напредок во работата беше огромна. Тоа е мотото на нашата фирма.  Нашата основна дејност е дистрибуција на храна. Нашата мисија е на посакуваниот производ од купувачите да му обезбедиме брза достава до големопродажните места и ланци маркети. Својата сила и вредностите клучни за успехот ЈУС МБ го гледа во високомотивираниот тим кој секојдневно ги следи трендовите и желбите на купувачите. Секогаш се стремиме да бидеме “во чекор со времето“.

 jus1.jpg


Со текот на годините , нашите желби за зголемувањето на работата беа се поголеми, а професионалниот пристап кон работата ни овозможи желбите да ни се остварат. Во почетоците бевме дистрибутери на помал број брендови но сега сме главни увозници и дистрибутери на производи кои се високо реномирани на светскиот пазар и без кои ниедно домакинство неможе да се замисли. Тесната соработка со фирми од поранешните Југословенски простори ни овозможи и запознавање на нивниот пазар па така во 2005 година во Босна и Херцеговина ја основавме АНДОРА – керка фирма на ЈУС МБ, која се занимава исклучиво со дистрибуција на шеќер.

Имиџот кој ЈУС МБ го поседува кај своите купувачи е резултат на напорната и тимска работа на сите вработени. Односот кој фирмата го има кон своите вработени – ги прави горди, лојални и задоволни.
ЈУС МБ денес е модерно организирана компанија со 50 вработени. Комплетната реорганизација на компанијата е направена во 2005 година кога ЈУС МБ се пресели во своите сопствени објекти. Модернизацијата и поставената структура значително допринесоа во зголемувањето на ефикасноста во работата и резултатите. 
Денес ЈУС МБ може да се пофали со свој сопствен простор од 10.000 m2, од коj  7  комори ( со капацитет за 1.000 тони ) и магацин од 3.000 m2. 
Возен парк составен од 2 товарни возила со приколки, 5 комбиња со ладилник и 3 со одржување,  2 товарни возила со ладилник, 3 пик ап-а и 4 шеврплет спарк.

Успехот на нашата компанија се должи на тоа дека сите вработени имаат иста цел, а таа е:
1. Задоволување на потребите на нашите потрошувачи
2. Остварување на партнерски однос со нашите клиенти
3. Високо ниво на квалитет, препознатливи брендови и ниски цени на нашите производи.
4. Достава на робата во рок од 24 часа од моментот на нарачката на територијата на цела Македонија.

Препознавањето на единствените потреби на нашите купувачи како и грижливиот однос спрема нив ја условија и лојалноста на купувачите за која сме особено горди.

Продажба
Остварената продажба на компанијата е еден од основните показатели за нејзиниот успех. 
Продажбата се остварува низ развиени канали на дистрибуција и тоа Магацини, Хипер и Супер маркети, Ланци Маркети и Дисконти, т.е со 1.800 фирми.

Бреднови
Брендовите кои ЈУС МБ ги дистрибуира се:
1. SEARA INTERNACIONAL (замрзнат пилешки програм) – Бразил
2. EKSPORT PAKERS KOMPANI(замрзнат пилешки програм)- Канада
3. DENER OVERSIS (замрзнат пилешки програм) – Кипар
4. AGROIMPEKS (бразилски и тајландски шеќер) - Виена
5. SADIA((смрзнат пилешки програм)
6. SAGE(смрзнат пилешки програм)
7. PIONIR i HISAR (кондиторија и чоколади)
8. SENTELA (брашно и тестенини)
9. JUMIS (зачини, супи и прашкасти производи)
10. KORN FLIPS(чипс)
11. MONTE (бисквити, вафли и штрудли)
Од скоро нашата компанија може да се пофали и со свој приватен бренд “Смрзната риба ЈУС МБ“.
Fotogaleria