Логистика

Целосната дистрибуција која што ја врши Јус МБ е организирана од централниот магацин во Скопје.

Дистрибутивната мрежа опфаќа секојдневно над 150 локации на целокупната територија низ државата. Наша заедничка цел е да се овозможи навремено, квалитетно и ефикасно сервисирање до сите клиенти.

Дистрибуцијата се врши секојдневно со вкупно 32 возила (товарни и патнички) со капацитет од 1.000 до 10.000 кг во рок од 24 и крајна испорака од максимални 48 часови на територијата на државата.

Во текот на една година возниот парк на Јус МБ врши испорака на производи до 1500 купувачи.

Дополнително водиме грижа за нашиот дистрибутивен тим и движењето на производите од централниот магацин до секој клиент пооделно преку имплементираниот ГПС систем, со што постојано се зголемува ефикасноста на испорака и се зголемува ефикасноста по вработен.

Наша сегашна и идна мисија е да ги следиме и имплементираме глобалните промени во транспортното работење.