Компанијата Јус МБ од јули 2020 година официјално својата дистрибуција ја извршува од новоизградениот дистрибутивен центар.
Во склоп на дистрибутивниот центар на приземјето се наоѓа складишен простор од вкупно 6.000 m2 и тоа магацински простор од 4.500 m2 и комори и дел за пакување од 1.500 m2. На површината на магацинскиот простор достапни се 4.128 палетни места, додека на површина на коморите достапни се 2.160 палетни места.
Приемот и испораката на производите се врши од 13 високопрофесионални рампи.
Магацинскиот простор е изграден во согласност со сите нормативи и стандарди и истиот во себе опфаќа магацин за прехранбени производи и посебно Co-Pak одделение.
Коморите коишто се во склоп на складишниот дел на дистрибутивниот центар се со вкупен капацитет од 2.160 тони или 2.160 палетни места. Овој оддел се состои од 3 софистицирани комори изградени по најнови стандарди и истите се наменети за складирање на месо, месни производи и смрзната храна. Во склоп на овој оддел има посебен дел за прием и испорака на производите, за што се изградени и посебни 2 високопрофесионални рампи.
Делот за пакување којшто е дел од вкупниот складишен простор служи за пакување на PL производи под брендот ЈУС МБ и тоа: шеќер, грав и ориз.
складишен простор
магацински простор
дел за пакување
палетни места
Дистрибутивниот центар располага со современ WMS систем за управување со магацин.
По сите современи стандарди складишниот простор е дел кој функционира сам за себе, но сепак постои одлично испланирана непречена врска со административниот дел и логистиката.
Во согласност со сите безбедносни стандарди складишниот простор како дел од дистрибутивниот центар посебно внимание обрнува на HACCP стандардот и одржување на хигиена.
За непречено одвивање на целокупното складишно работење се грижат 28 вработени.